Конференции
-
АД ВЕРБУМ е специјализирана за организирање на конференции и семинари, нудејќи услуги на толкување (симултан превод на повеќе јазици со кабини за толкување на располагање), визуелно акустични покривања (инсталирање на микрофони, ставање на располагање на слушалки, вклучувајќи и електронски визуелно акустични системи како проектор за проекција на слајдови, екрани итн.). По завршувањето на секоја конференција или семинар, Агенцијата нуди можност за снимање на говорите од секој јазик по желба, како и превод и вршење корекција и лектура на записот од конференцијата или семинарот. Агенција за преведување АД ВЕРБУМ нуди услуги на превод и префрлување на звучните записи во формат по желба на клиентот, како печатен текст или електронски документ, во рок претходно договорен со клиентот. Исто така, Агенцијата нуди и услуги на толкување и симултано и консекутивно преведување надвор од границите на Македонија. - Согласно желбите и потребите на клиентот ,АД ВЕРБУМ е во можност комплетно да го следи и организира целиот настан. Почнувајќи од сместување на учесниците во хотел близу местото на настанот, превоз на учесниците со возило од било кое место до бараната дестинација, комплетна техничка и логистичка поддршка, како изнајмување на графоскопи, преносни компјутери, платна за проекции, флипчарт-табли, изработка на банери и слично. Секако и комплетна опрема за симултано преведување, вклучувајќи кабини за преведувачите, микрофони, слушалки, озвучување итн. За истиот настан АД ВЕРБУМ овозможува видео и аудио снимање.
- Што се однесува до техничката опрема нашата предност е секако професионалната опрема за симултан превод (BOSCH), компатибилна во просторите на југоисточна Европа и квалитетните кабини според поставените ИСО стандарди.
