Издаваштво2022-10-25T09:05:26+00:00

Издаваштво

Компанијата Ад Вербум во 2010 година ги прошири своите деловни активности и во областа на издавачката дејност. Ад Вербум вложува напори да биде успешна и во тоа поле, како и во другите деловни области. Со голем ентузијазам и истовремено одговорност, тимот одговорен за издаваштво, стремејќи се кон повисоки цели, во изминатите 12 години објави повеќе од 200 наслови.

Ад Вербум соработува со светски познати издавачки куќи, а нејзин фокус е да се посвети и на домашните автори и литература.

Стремејќи се уште од самиот почеток кон достигнување и имплементирање на повисоки стандарди во сопственото работење се појави потреба од имплементирање на софтверско решение – веб-страница со е-трговија. Stranica.mk е веб-страница која служи за продажба на книги преку интернет, но има и можност за онлајн читање на книгите.

Сите изданија се достапни преку интернет-продавницата www.stranica.mk.

Објавени книги