Ад Вербум е релативно новa компанија во областа на издаваштвото. Сепак, ние правиме напори да бидеме успешени во тоа поле, како и во другите области. Со голем ентузијазам и одговорност во исто време, тимот одговорен за издаваштво се стереми кон повисоки цели. Покрај бројните склучени договори со светски познати издавачки куќи, Ад Вербум исто така, ќе се посвети и на домашните автори и литература.
| Анализа и производство на вино – Брус В Зуклин, Кенет К. Фугелсанг, Бери Х. Гамп, Фред С. Нури Меѓународна по обем, книгата „Анализа и производство на вино“ е од суштинско значење за производителите на вино и лабораторискиот персонал насекаде во светот. Студентите по енологија ќе откријат дека оваа книга дава неспоредливо проучување на анализата и производството на вино. |
| Прирачник за контрола на хигиената во прехранбената индустрија – Х. Л. М. Леливелд, М. А. Мостерт и Џ. Хола Оваа книга обезбедува сеопфатно резиме за клучните трендови и прашања во рамките на истражувањата на прехранбената хигиена. Истата претставува стандардна референца за прехранбената индустрија во насока на осигурување на највисоките стандарди за хигиена во прехранбеното производство. |
| Компјутерска сигурност - Дитер Голман „Ова е многу вредна книга, наменета за компјутерско образовани луѓе кои не се гуруа, но сепак имаат оправдани прашања и потреби. Секако дека ќе биде добредојдена во библиотеката на секој информатичар и дизајнер на софтвер... Мислам дека имаме победник и со задоволство го препорачувам нејзиното објавување." Професор Џ. Себери, Универзитет во Волонгонг, Австралија
|
| Дизајнирање на вградени системи – Питер Марведел Главна цел на оваа книга е даде краток преглед на дизајнирањето на вградени системи. Треба да помогне во поттикнување на студентите и професорите да стават посилен акцент на проучување на вградените системи. |
| Хемија на експлозиви – 2 изд. Жаклин Акаван Хемија на експлозивите дава преглед на историјата на експлозивите, водејќи го читателот кон идните настани.
Оваа концизна, читлива книга, е совршена за студентите без претходни познавања на експлозивните материјали.
|
| ML за искусни програмери – 2 изд. – Лоренц Ц. Полсон Второто издание на Полсон претставува подобро прегледано и коригирано издание на веќе одличната книга и може да им се препорача на искусните програмери коишто имаат желба да го научат ML јазикот. |
| Научете Perl – 3 изд. – Рендал Л. Шварц и Том Финикс Ако денеска ги прашате програмерите на која книга најмногу се потпирале додека го учеле Perl, повеќето ќе ви кажат дека тоа било книгата Научете Perl, позната како книгата со лама. Ова издание вклучува проширен вовед во регуларните изрази, како и нови вежби и одговори дизајнирани за читателите кои ќе можат истите да ги користат.
|
| Вовед во роботика – 3 изд. – Џон Џ. Крег Книга од суштинско значење за инженерите кои развиваат роботски системи, како и за сите кои се занимаваат со механика, контрола или програмирање на роботски системи. |
| Развој на информациски системи – 3 изд. – Дејвид Ависон и Гај Фицџералд Развој на информациски системи е најдобриот текст што може да се купи во оваа област, кој што предавачите и студентите низ целиот свет го сметаат за сеопфатен и авторитативен водич за прашањата поврзани со развојот на информациските системи. |