Преведување и толкување
-
Нашата агенција има повеќегодишно искуство во услугите на преведување и толкување. Вложуваме напори клиентите да бидат задоволни со нашата работа. - Ад Вербум има оформено силно поврзан тим на стручни преведувачи, толкувачи, лектори и административен персонал, како и тим на стручни лица одговорни за техниката. Сите преведувачи се со долгогодишно искуство и специјализирани на одредени тематики и во одредени области. По секој преведен текст од било кој јазик се прави проверка на истиот, каде се извршува лектура од страна на дипломирани лектори, графичко средување на текстот, се составува речник и секако сето ова во консултации и соработка со клиентите. Сите писмени преводи уредно се изработуваат и се чуваат во архивата на компанијата. Доставувањето на преводот е според потребите и барањата на клиентот, во електронска или печатена форма. Сите преведувачи се обучени со најсовремените техники за симултан и консекутивен превод.
- Преводот на нашите преведувачи е од висок квалитет, не само од гледна точка на јазичните правила, туку, исто така, и од аспект на специфичноста на тематиката на доставениот материјал за превод.
